Валенсија и Леванте од 19 часот ќе одиграат пријателски натпревар, а за македонската спортска јавност важна информација е дека нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е во почетните 11-мина на Лилјаците.
Тренерот Рубен Бараха му даде предност на Столе во однос на Грузиецот Гиорги Мамардашвили кој завчера почна да тренира со тимот, па не е во ритам за разлика од кумановецот кој подолго време работи и е во форма.
Ако остане Мамардашвили во Валенсија, Столе може и да си замине од клубот до крајот на август за отштета од 3 милиони евра.
Но, постои и опцијата ако двајцата останат, и едниот и другиот да бранат на поголем број на натпревари, без претерано фаворизирање на Грузиецот или Македонецот.