Артур Данилов е навивачот на Зенит што ќе мора да оди во затвор на една година и 8 месеци, откако е обвинет за напад на припадници за безбедност во Русија.
На мечот со Краснодар што се играше во август годинава Данилов нападна полицајци во тепачката на една од трибините, а изеде и ќотек и доби казна затвор во траење од 20 месеци.
https://twitter.com/ZiminRussia/status/1157740766225207298?s=20
Претходно уште тројца учесници во големиот инцидент беа казнети со затворски казни, а сите се симпатизери на клубот од Санкт Петербург.
Зенит имаше многу проблеми во последно време со инцидентни ситуации, а капак на се беше затворската казна за Александер Кокорин. Тој беше казнет со 18 месечна казна затвор, заедно со Павел Мамаев од Краснодар за напад на новинарка на „Канал 1“ во Русија.