Доби отказ и по две недели му падна џекпот

Леонардо Семпличи е нов тренер на калчолигашот Калјари по смената на Еузебио ди Франческо. Клубот од Сардинија е во лоша позиција во битката за опстанок во Серија А, има само 15 бода и е во зоната за испаѓање со пет бода помалку од Торино.

Тоа беше доволна причина за смена на Ди Франческо, особено по долгата серија без победа на последните 15 натпревари во најквалитетната италијанска лига.

Отказ пред 12 дена доби и Семпличи, по лошите резултати во последно време на СПАЛ во Серија Б, но сега му падна џек-пот. Ќе биде тренер на Калјари и ќе се обиде да го спаси од испаѓање од Серија А, што е голем предизвик за 53-годишниот годишниот стратег од Фиренца.

Семпличи беше тренер на СПАЛ цели шест години и тој е тренерот што запиша историја со клубот од Ферара. Успеа од Третата италијанска лига да го доведе клубот во Серија А, а СПАЛ играше три сезони со елитата во Италија.

По серијата од шест натпревари без победа на 10 февруари доби отказ од раководството на СПАЛ, но среќата му се насмевна и ќе биде тренер во Серија А, иако ќе има многу тешка задача да го задржи Калјари во кремот на италијанскиот фудбал.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести