0.8 C
Skopje
четврток, 8 јануари 2026

Доби специјална покана да игра на турнир, а не знае ни рекетот да го држи (Видео)

Почетокот на тениската сезона во 2026 година донесе нешто неочекувано. На ИТФ турнирот В35 во главниот град на Кенија, Најроби, на тениски турнир од пониските категории се случи нешто досега невидено.

Извесна Хажар Абделкадер од Египет доби посебна покана да биде дел од турнирот и сите ги разочара. Кога се појави на теренот, стана јасно дека Абделкадер воопшто не знае како правило да го држи рекетот и тоа дека воопшто не е ни на аматерско ниво.

Противничка на Абделкадер беше Лорена Шадел која победи со 6:0, 6:0 и тоа во меч кој траеше само 37 минути.

Германската тенисерка Шадел имаше 13 сервис аса, додека нејзината противничка имаше дури 20 двојни сервис грешки. Абделкадер имаше само 8,3 отсто успешност на прв сервис.

На крајот, соодносот на поените беше 48:3. Интересно е дека Шадел имала и две двојни сервис грешки, што значи дека Абделкадер имала само еден освоен поен од игра.

- Оглас -

Најнови вести