Доби среден прст од Емери затоа што му го спомна Арсенал (видео)

Унај Емери, сегашниот тренер на Вилјареал и поранешен предводник на Арсенал, му покажа среден прст на фанот кој го снимаше само затоа што му ги спомна Топчиите.

Шпанскиот стратег од периодот кога го водеше Арсенал беше хит на социјалните медиуми поради што на смешен начин изговараше „Добра вечер“ со лош англиски акцент.

Инаку Емери една и пол година ги водеше Топчитее во својата тренерска кариера. Стигна до финале во Лигата на Европа, неговото омилено натпреварување, но загуби од Челзи со 4-1 во 2019 година, по што неколку месеци потоа доби отказ. Затоа, не памети многу убави спомени од тој период.

- Оглас -

Најнови вести