Дефанзивецот на Олимпик Марсеј, Ерик Баји, доби суспензија од седум натпревари за фаулот кој го направи во дуелот против четвртолигашот Ерез во рамките на Купот на Франција. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, кој дојде во тимот од Марсеј како позајмен играч од Манчестер јунајтед, направи „старт за во затвор“ откако со отворен ѓон директно во градите го удри напаѓачот Муса Ндиаји.
Баји веднаш доби црвен картон, а Ндиаји веднаш беше пренесен во болница, каде што му беше констатирано дека има фрактура на неколку ребра, оштетување на црниот дроб и внатрешно крварење.