Доби жолт картон поради дриблинг!? Се огласи и Нејмар (Видео)

Олимпик Лион со 3:1 славеше над Троа во меч од седмото коло на француското првенство, а покрај четирите погодоци, еден од најинтересните моменти беше во самиот финиш. Се играше судиското надополнување кога играчот на Лион, Лукас Пакета, се обиде со атрактивен дриблинг да го помине противникот.

Потегот на Пакета беше неуспешен, а топката заврши во аут. Кога се очекуваше играта да продолжи, судијката Стефани Фрапарт реши да го повика Пакета и му даде жолт картон. На збунетиот Бразилец не му беше јасно зошто доби јавна опомена поради дриблингот кој сакаше да го направи.

 

Според судијката, потегот на Пакета не бил во духот на ферплеј играта, нешто со кое не се согласува Нејмар. Ѕвездата на ПСЖ и соиграч на Пакета од бразилската репрезентација, преку социјалните мрежи го изрази своето несогласување да се даде жолт картон за дриблинг. Нејмар вели дека со ова се става крај на славната „Joga bonito“, што во превод значи „прекрасна игра“.

„Многу тажно. Да се добие жолт картон поради дриблинг. Дриблингот е дриблинг, без разлика во која минута се прави и на кој дел од теренот. Слично ми се случи и мене минатата сезона. Не разбирам зошто е тоа така. Изгледа дека дојде крај на славната Јога Бонито. Уживајте додека можете“, беше пораката на Нејмар, кој во минатото често знаеше да го направи тој спектакуларен дриблинг наречен „rainbow flick“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести