Дуелот од турското првенство меѓу Газијантеп и Гезтепе заврши 1:1, а потегот на мечот се случи буквално во последните секунди од средбата. До 92 минута резултатот беше 0:0, а тогаш македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ погоди за 1:0 за гостите.
Домаќините протестираа дека голот е неспортски, па во следниот напад тргнаа од центар и дадоа гол за израмнување без одбрана на гостите. Кулминација на драмата се случи во 99 минута. Судијата досуди пенал за домаќините, иако гостинскиот голман немаше контакт со противничкиот играч.
Мухамет Демир кој реши да го изведе пеналот, знаеше дека немаше фаул за најстрога казна, па намерно промаши, иако можеше да донесе победа на домаќините. Дефинитивно потег кој ќе конкурира за ферплеј на годината во светот.
👀 #beINSüperLig, Gaziantep FK – Göztepe karşılaşmasının son dakikalarında yaşanan olayları değerlendirdi. pic.twitter.com/d7yqYXV0Qo
— beIN SPORTS Türkiye (@beINSPORTS_TR) April 23, 2022