Францускиот тенисер Жил Мари, кој моментално е на 295-тото место на АТП-листата, допатувал во Њујорк, каде што очекувал да биде дел од квалификациите за настап на последниот гранслем-турнир во годината, Отвореното првенство на САД. Сепак, по доаѓањето во Њујорк, Мари бил непријатно изненаден.
Мари пристигна во Њујорк откако добил мејл од едно лице во коешто пишува дека Французинот ќе влезе во конкуренција за настап во квалификациите ако двајца тенисери го откажат учеството. Тоа и се случило, двајца тенисери го откажале учеството во квалификациите, па Мари резервирал лет и хотел во Њујорк, но кога пристигнал таму, бил зачуден од одговорот што го добил.
Jules Marie pensait rentrer dans le tableau de qualifications de l’US Open. Mais le mail qu’il a reçu annonçant deux forfaits était un… canular 🫣 pic.twitter.com/DAaOQNE0Cs
— Quentin Moynet (@QuentinMoynet) August 20, 2024
По пристигнувањето на комплексот „Флешинг Медоуз“, се сретнал со вистинскиот менаџер на турнирот, каде што добил одговор дека неговото име воопшто го нема меѓу тенисерите за настап во квалификациите. Тогаш Французинот сфатил дека е измамен.
Интересно е дека ова не му е првпат на Мари да му се случи ова. Пред почетокот на Вимблдон, Французинот добил ист мејл дека треба да игра во квалификациите, но кога се појавил во Лондон, сфатил дека неговото име го нема на листата на тенисери за настап.