Добитен тикет со 7+ има посебен шарм, донесе голем ќар од 350.000 денари во Кичево (Фото)

Кога ќе се погоди натпревар со 7 или повеќе голови, добитниот тикет има посебен шарм, а токму таква е добитната комбинација уплатена во обложувачкото место Кичево 3 на Sport Life.

Најтрофејниот фински клуб ХЈК Хелсинки со шест гола против КТП се погрижи за одлична седмица со висок коефициент од 16.25 во Sport Life, а одличен инстинкт дека ќе има седмица имал обложувач со добитен тикет во вредност од 350.000 во Кичево.

ЕФИКАСЕН ТИКЕТ – ТРИ ПАРА СО 17 ГОЛА ДОНЕСОА ЌАР ОД 4.800 ЕВРА

За да нема многу мака, се погрижија, пред сè, домашните играчи, а потребната квота на голови беше исполнета релативно рано со последниот погодок во 70-тата минута.

Хелсинки победи со 6:1 на меч што се играше вчера од 13 часот, па на чекање беа дуелите меѓу Ахли Ал-Халил и Шабаб Ал-Халел во палестинското првенство и Генк и Мехелен во белгискиот куп.

И двата дуели се одиграни со тип 5+ и завршија со идентичен резултат од 4:1, во Палестина со победа на гостите и во Белгија со триумф на домаќините.

Вкупниот погоден коефициент на добитниот тикет со три пара е малку над 700 коефициент, па со уплата од 500 денари, добивката е одлична и со одбиен данок изнесува околу 4.800 евра.

ЛУДА Е КОМБИНАЦИЈАТА УПЛАТЕНА ВО ГОСТИВАР – ТУРСКИОТ „ДВА ВО ИКС“ Е КРЕМОТ ЗА ФАНТАСТИЧНА ДОБИВКА ОД 400.000 ДЕНАРИ 

Страшно добар тикет е одигран во Sport Life во обложувачкото место Гостивар 9, а како шлаг на фантастичната добивка од 400.000 денари за уплата од 100 денари е погодениот тип 2-Х на дуелот меѓу Аланијаспор и Ѓозтепе.

Гостите поведоа во 43-тата минута со автоголот на Аксој, а израмни Гркот Цавеласво 53-тата минута. На овој дуел во второто полувреме за Ѓозтепе играше и нашиот интернационалец Адис Јаховиќ, за среќа на обложувачот од Гостивар, ниту тој, ниту останатите играчи на теренот во Аланија не постигнаа гол, па мечот заврши нерешено 1:1, со висока квота од 17.25 за „два во икс“.

На тикетот фатен е и вториот меч што се играше вчера воТурција, со знак ГГ1, или Гол-Гол во прво полувреме, а и тука фортуната беше на страната на обложувачот со мајсторски тикет.

Касимпаша како домаќин успеа да израмни на 1:1 против фаворитот Трабзонспор со гол во 39-тата минута, што значеше одличен почеток за лудата комбинација одиграна со пет пара.

Погодени се и два дуели со знак Х-Х, еден на меч од египетското првенство и еден од Серија Ц во Италија, а клучен беше дуелот меѓу Ливорно и Алесандрија, исто така од Серија Ц на Чизмата.

Тука имаше драма, се чекаше погодок на гостите до 92-рата минута, кога Еузепи погоди од пенал за победа на Алесандрија на одигран тип Х-2. Гостите победија со 0:1 откако на полувремето немаше голови, за добитен тикет со огромен коефициент од 4.028 во Sport Life и исплатена добивка од 5.500 евра нето.

 

- Оглас -

Најнови вести