Експрес тикет со шест натпревари одиграни исклучиво на голови во прво полувреме донесе ќар од 6.000 евра во Sport Life.
Со уплата од 190 денари и погоден вкупен коефициент од 2.221 на тикетот во објектот Аеродром 5 бруто-добивката е точно 422.054 денари.
На вакви тикети каде [to се чекаат погодоци во прво полувреме мора да има драма, а највозбудливо беше на двата германски дуели од купот меѓу Лајпциг и Бохум и на бундеслигашката пресметка во популарниот ДФБ Покал меѓу Штутгарт и Борусија Менхeнгладбах.
ГЕРМАНСКАТА УПОРНОСТ НА ДЕЛО, ДАДОА ГОЛОВИ ВО 45+1 ЗА ОГРОМНА РАДОСТ И ЌАР ОД 422.054 ДЕНАРИ
Популарните Бикови го постигнаа толку потребниот втор погодок во првата минута од судиското продолжение, а Марсел Сабицер беше прецизен од пенал за 2:0 по 45 минути игра. На добитниот тикет уплатен во Аеродром 5 во Sport Life одиграно е дека Лајпциг ќе постигне најмалку два гола во првиот дел, односно Т1 2+ п.п. со коефицент 3.10.
Идентично сценарио и гол за многу радост и огромна добивка имаше и на дуелот меѓу Штутгарт и Борусија Менхегладбах, одигран со знак ГГ1, или дека двете екипи ќе дадат најмалку по еден погодок во првиот дел. Гостите израмнија на 1:1 со голот на Маркус Турам во првата минута од дополнителното време, а коефициентот беше 3.35.
Претходно од 18 часот и на првиот типуван меч на тикетот имаше ГГ1, а стартот беше летечки на дуелот во белгискиот куп меѓу Уд Еверле и Серкл Бриж. Гостите поведоа во втората минута, а само 60 секунди подоцна домаќините израмнија на 1:1 за погодена квота од 4.15.
Идентично е одиграно и на дуелите меѓу Сион и Сент Гален за коефициент 4.25 и на мечот меѓу Васланд Беверен и Остенде, каде што за ГГ1 квотата беше 3.85.
Како фил на одлично одиграниот тикет е и погодениот тип Т2 2+ п.п. на дуелот од Премиер лигата меѓу Барнли и Манчестер сити. Габриел Жезус и Рахим Стерлинг погодуваа навреме, па предноста од 0:2 на Граѓаните беше доволна за добитен тикет што донесе ќар од 6.000 евра нето во објектот Аеродром 5 на Sport Life.
ШВАЈЦАРСКАТА ГОЛЕАДА СО ХЕТ-ТРИК И ПОНИШТЕН ГОЛ ЗА СРЕЌА НЕ ЈА УРНА СЛАТКАТА ДОБИВКА ВО КИСЕЛА ВОДА
И вториот добитен тикет уплатен во Скопје со натпревари што се играа во средата донесе голема добивка од 270.645 денари со уллата од 450 денари.
Сите мечеви се одиграни со комбинирани знаци, двојна шанса и на голови од 2-5 на сите 7 дуели. Клучен за добивка од 3.700 евра нето беше дуелот меѓу Сион и Сент Гален одигран со знак 1Х&2-5 гола, а паднаа точно пет погодоци. Расположен за игра беше домашниот стрелец Анто Гргиќ, кој постигна хет-трик во победата на Сион од 3:2, а за среќа на обложувачот со добитен тикет во Кисела Вода, последниот гол го постигна во 96-тата минута.
Претходно имаше и поништен погодок за Сион, што можеше да ја надмине границата од 2-5 погодоци одиграни како комбинација дека домашниот тим нема да загуби од Сент Гален.
Фортуната се насмевна и на дуелот меѓу Сент Етјен и Нант одигран со знак Х2&2-5, каде што домашниот тим израмни со гол во второто полувреме на 1:1, а потоа имаше зицер и за победа, но мрежата на Лафонт не се тресеше по вторпат.