Исплатата на добитните тикети се одвива регуларно денеска во обложувалниците на Sport Life, откако беше дозволено со уредба на Владата на Република Македонија да се продолжи со бизнисот што беше стопиран во март.
Поради актуелната ситуација со пандемијата со ковид-19, објектите на познатата наша обложувалница не работеа, но сега сè е во ред и сите што имаат добитни тикети можат без проблем да си ги добијат заслужените пари.
Sport Life почна регуларно со работа, секако, со максимално почитување на протоколите што се препорачани од Владата на Република Македонија и од здравствените власти.
За безбедна уплата на тикети од нашата реномирана обложувалница препорачуваат да се почитуваат мерките за заштита и по можност да ги користите поволностите кои се нудат за подготовка на брз тикет, со резервација на тикети преку СЛ клуб картичката или преку резервација со код.