Добитни тикети низ Македонија, погледнете кои игри носеа среќа викендов (Фото)

Играта двата тима да постигнат гол во второ полувреме за кој квотите се над 2.50 му донесе супер добивка на обложувач кој уплатил тикет во Sport Life во скопски Бутел.

Со минимална уплата само од 20 денари, овој играч фати коефициент речиси од 4.500, па и добивката му е огромна, бруто е речиси 90.000 денари.

На осум меча кои се играа вчера, овој бутелчанец типувал дека ќе биде „гол-гол во второ полувреме“ и, за негова среќа, погоди. Последниот меч кој го чекал бил Марсеј – Лион, а таму веќе до 61-вата минута двата тима дадоа гол во вториот дел, откако на полувреме беше 0-0.

Во Куманово е фатен тикет со два пресврти полувреме-крај, и тоа средби од втората лига во Холандија кои се играа во петокот вечерта.

Телстар како гостин водеше со 1-0 на пауза против Камбур, а домашните победија на крај со 2-1.

Слично сценарио имаше и на дуелот Емен – Јонг ПСВ. Младиот тим на ПСВ водеше со 1-0 по првите 45 минути, а на крај Емен славеше победа од 4-2.

Така, со 200 денари уплата, кумановецот има добитен тикет вреден бруто над 81.000 денари.

Одличен добитен тикет е исплатен и во Sport Life во Гостивар, каде што со 30 денари уплата и шест погодени меча со убави квоти бруто-добивката е над 71.000 денари. На овие шест натпревари прогнозирана е комбинацијата победа на домаќинот, со тоа што и гостинските екипи требаше да дадат гол.

Сите дуели од овој тикет се играа вчера. И тука последен се чекал Марсеј – Лион, меч кој заврши 3-2 за домашните.

- Оглас -

Најнови вести