Петте меча и комбинациите кои беа предложени во денешните типстерски совети беа перфектно одиграни, па вкупниот коефициент од 43,87 е добитен.
Шефилд јунајтед на домашен терен со 1:2 загуби од Мидлсбро. Два гола беа постигнати во првото полувреме, а еден погодок во вториот дел и погодена беше комбинацијата дека ќе има од еден до три гола во првиот и еден до три гола во вториот дел со квота од 1.96.
Вилјареал беше убедлив на свој терен и со 4:1 го победи Еспањол. Домаќините водеа со 2:0 на полувреме и тоа беше сосема доволно да се погоди комбинацијата дека домаќинот нема да загуби, а во двете полувремиња ќе има барем еден погодок, што носеше коефицинет од 2.03.
Рома со 2:0 го победи Калјари точно толку колку што требаше за да биде добитна комбинацијата домаќинот да победи и да има барем два погодоци во гостинската мрежа. Оваа комбинација донесе добитна квота од 1.86.
Аталанта со 2:1 славеше над Кремонезе, откако домаќинот водеше со 2:0 на полувреме, а гостите во 90+4 минута дадоа гол за 2:1. Токму тој погодок во 90+4 минута беше толку потребен за да се погоди комбинацијата домаќинот да победи, а во двете полувремиња да има погодок. Оваа комбинација носеше квота од 2.08.
Последниот погоден меч беше тој во Турција, каде Фенербахче со 3:1 славеше над Генчлербирлиги. Уште во првото полувреме Фенербахче водеше со 3:0, а гостите дадоа еден гол во второто полувреме. за погодена комбинација победа на домаќините и двата тима да постигнат гол и погодена квота од 2.85.

