Петте предлог типови на Спортманија експресно се покажаа како добитни, а оние кои ги „препишаа“ веќе можат да си земат исплата. Последен меч кој се чекаше беше победа на Барселона против Алавес, но со оглед на тоа дека „каталонците“ имаа убедлива предност од 1-3, веќе беше започната прославата на многу места низ Македонија.
Еден од редовните играчи на Sport Life веќе може да размислува како ќе ги троши парите за викендов, бидејќи со уплата од 350 денари си доби 20.084 денари откако ги уплати предлозите од Типстерските совети на Спортманија.