Коле Стојковски е победник на шестата етапа на акциската понуда на Sport Life, „Играј за повеќе“ со погодена највисока квота од 2237.73. Со овој добитен тикет убедливо го освои првото место и сосема заслужено освои 100.000 денари од Sport Life.
Тој има едноставна „финта“ за добитен тикет, вели дајте ѝ на сопругата да типува.

„Верувале или не, сопругата Сара го направи добитниот тикет. На него имаше 13 натпревари, еден беше почнат, но и без него направи огромен коефициент и ете ја доби и дополнителната награда. И тој 13-ти натпревар го погоди, иако не беше на ливчето. Имаше два меча од Европското првенство, гол-гол на Англија и типуваше на победа за Холандија против Турците. Имаше уште многу натпревари, на конечен тип, и за влог од 20 денари, навистина излезе одлично“, вели Коле Стојковски, кој ја подигна наградата.

„Да не заборавам, голема благодарност и до најдобрите обложувалници Sport Life за дополнителната награда. Нормално, не бевме ни свесни дека би можеле токму ние да сме наградените, но тоа е мотив да играат навистина сите“, порача добитникот на шестата етапа на акциската понуда на Sport Life „Играј за повеќе“.

