Добитните тикети му се рутина на победникот на Типстер купот за ноември

Димитар Мицковски е победник на Типстер купот на Sport Life за месец ноември, и доби 100.000 денари. Димитар минатиот месец имаше 11 добитни тикети кои ги исполнуваат условите за да се најдат во конкуренција, и првпат сезонава доби вакво признание.

„Редовно играм, секој ден, следам кој игра кој не игра, анализи, што се очекува од некој натпревар. Тоа ми е занимација, следам спорт, Sport Life ми е омилена обложувалница. Редовно го играм Типстер купот, секако и другите акции и промоции. Порано сум добивал и други награди“, вели скопјанецот Димитар.

Тој не открива целосно која му е тактиката и омилени игри, но откри дека меша и брка и поголеми и помали квоти.

„Зависи, некогаш уплаќам на помали суми, некогаш ставам и сингл. Зависи од моментот, некогаш бркам поголеми квоти некогаш помали. Играм и во живо, особено ако ми треба уште еден последен меч за добивка, редовно се бранам во живо. Претежно играм на фудбалски мечеви, но често се обложувам и на НБА кошарка, се разбира и тенис, некогаш и хокеј, но генерално фудбалот е тој што секојдневно е на моите тикети во Sport Life“, раскажува ноемврискиот шампион.

НАВИВА ЗА ЈУВЕНТУС, ВО СРЦЕТО МУ Е И ЛЕГЕНДАТА АЛЕСАНДРО ДЕЛ ПЈЕРО

Омилен тим на Димитар е најтрофејниот италијански клуб, Јувентус.

„Навивач сум на Јувентус. Имам дрес од Дел Пјеро, си го чувам. Не сум бил во Торино да гледам во живо некој меч, не ми се појавила прилика, но би сакал некогаш да отидам на некое дерби. Го ставам и Јуве на тикетите, обично типувам навивачки, а некогаш ако гледам дека не се во форма, знам и да ги одбегнам“, открива Мицковски.

Димитар како победник во ноември освои 100 илјади денари, втор е октомврискиот победник Александар Јончевски на кого овојпат му припаднаа 30.000 денари, а третото место е за Марјанчо Ристески кој добива 20.000 денари.

СЕКОЈДНЕВНОТО ОБЛОЖУВАЊЕ НОРМАЛНО Е ДА НОСИ И РАДОСТИ И РАЗОЧАРУВАЊА

Како и секој редовен обложувач, Димитар имал и среќа и несреќа додека чекал добивка на некои тикети.

„Овие 100.000 се супер, а во минатото сум имал и поголеми добивки. Секако имало многу мечеви во кои за еден меч или еден гол не биле добитни. Ако сите тие беа добитни, сега ќе бев милионер. Такви ливчиња се многу чести, затоа и сакам да се бранам во живо кога се чека некој последна за добивка. Се случувало и обратното, во моја полза да има пресврт или некој гол во финиш за добивка, сето тоа е дел од играта“, заклучува Димитар.

Сите подетални информации околу Типстер купот може да ги најдете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести