Добиваме нова опција во нападот: Македонецот Илоски стрелец во МЛС лигата (Видео)

Македонецот Милан Илоски успеа да дојде до својот прв гол во новата сезона во МЛС лигата, откако беше прецизен во седмата минута од продолжението на првиот дел за неговиот клуб, Филаделфија, во поразот од 1-2 од Чикаго на домашен терен.

26-годишниот напаѓач најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и свртен со гол кон голот на Чикаго успеа да погоди со глава.

Илоски има македонски корени и се наметнува како сериозна опција за нападот на нашата репрезентација. Според Трансфермаркет, во моментов вреди три милиони евра, а поголема вредност од македонските фудбалери има само Елиф Елмас – 14 милиони евра.

Од повиканите фудбалери на списокот на новиот селектор, Гоце Седлоски, иста вредност како и Илоски има и Елмин Растодер, додека Барди, Миовски и дебитантот од МЛС лигата, Дени Мусовски, вредат по 2,5 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести