Претстојниот викенд во кој има богата понуда на фудбалски, ракометни мечеви и од останатите спортови редовни во понудата на Sport Life, може да биде доста плоден, ако се суди според една одлична добивка во Струга, која беше украсена и со богат бонус.
Во објектот „Ламарена“ во Струга завчера биле уплатени 200 денари на тикет на којшто има 15 натпревари, комбинација од фудбалски и хокеарски мечеви од многу различни лиги низ Јужна Америка и Европа. Прогнозерот имал одлично претчувство и среќа, па исплатени му се 293.431 денар, од кои бонус се 105.334, што е повеќе од една третина.
РОМАРИЊО Е ФУДБАЛЕРОТ КОЈ НАЈМНОГУ ПОМОГНА ТИКЕТОТ ДА БИДЕ ДОБИТЕН
Според резултатите од мечевите кои ги прогнозирал стружанецот, најкритично му било на фудбалскиот меч од бразилскиот шампионат Кариока помеѓу Португеса и Нова Игуасу. Прогнозата била победа на домашниот тим, а по првото полувреме гостите воделе со 2-0.
Адријано намалил на 1-2 од пенал во 51-вата минута, но Португеса беше во негатива сè до 87-мата минута, кога Жулијам изедначи на 2-2. Ова секако му даде надеж на прогнозерот од Струга дека може да се случи чудо, а радоста била голема кога Ромарињо во 96-тата минута погоди за комплетен пресврт и победа на Португеса од 3-2.