Добра или лоша вест за Јунајтед, ПСЖ се откажа од идејата да го купи Рашфорд

Францускиот шампион ПСЖ се откажа од идејата во летниот преоден рок да тргне по потписот со Маркус Рашфорд иако пред неколку месеци му нудеше вистинско богатство, објавија француските медиуми.

Челниците на ПСЖ во Рашфорд го гледаа наследникот на Килијан Мбапе, кој по завршување на сезоната, ќе потпише за Реал Мадрид, но слабите игри на англискиот репрезентативец во последно време ги натера да се откажат од трансферот.

Поголем дел од навивачите на Манчестер јунајтед во анкетите во англиските медиуми сметаат дека Рашфорд налето треба да биде продаден поради слабите игри и незалагањето на теренот и се разочарани од одлуката на ПСЖ да се откаже од трансфер.

Главна цел на ПСЖ во летниот преоден рок ќе биде напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, кој најави заминување од италијанскиот тим на крајот од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести