Владетелот во македонската кошарка, МЗТ Скопје Аеродром, вечерва на свој терен во „Јане Сандански“ ќе игра против Гостивар, во дербито на осмото коло во домашното првенство.
Шампионот МЗТ Скопје Аеродром е во одлична форма и победи на девет од последните 10 меча во првенството и регионалната АБА 2 лига. Сепак, кога се работи за мечевите со тимот на Гостивар, билансот во последните осум меѓусебни средби е израмнет и двата тима имаат по четири победи.
Гостиварци играат добро и сезонава се со пет победи и само два порази, па сигурно нема лесно да се предадат. Во Sport Life овој меч го има во понудата, а МЗТ е апсолутен фаворит.
Над 60 игри има за дербито во „Јане Сандански“. Може да одиграте на вкупен број поени, на број на поени постигнати во првата четвртина или на полувреме на двата тима, но и за тоа со колкав хендикеп ќе заврши средбата.
Во „Јане Сандански“ денеска има двојна програма затоа што по средбата МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар (18 часот), во 20:30 часот ќе играат и Феникс 2010 – ТФТ Скопје. Колото денеска стартува со средбата во Гевгелија меѓу Кожув и вториот тим на МЗТ Скопје.