Репрезентациите на Македонија за фудбалери со 21 односно 19 години, извојуваа победи во денешните пријателски натпревари со своите врсници и најавија убав викенд. Утревечер сениорите во Скопје играат со Полска, а потоа на мегдан ни доаѓа и Австрија.
Националниот тим за играчи до 19 години со 2-0 ја совлада Црна Гора. Со ова, нашите постари јуниори им се реваншираа на Црногорците за поразот од 0-1 во завчерашниот дуел. Стрелци на головите за тимот на селекторот Горан Станиќ беа Шуштрим Таири и Давид Тошевски.
Младинците, тимот до 21 година, предводен од селекторот Благоја Милевски, во словачкиот град Трнава во контрола минимално ја победија Финска со 1-0. Голот падна во четвртата минута, а стрелец беше 20-годишниот бек на Академија Пандев, Ване Јованов. За Јованов, ова е прв гол во неговата кариера.
За дуелите на македонската фудбалска репрезентација, имате добра можност да се опремите со дрес од Sport Life Маркетот. Во овој период постои и попуст за дресовите на македонската фудбалска репрезентација и ракометниот дрес на европскиот првак Вардар.