Францускиот лев бек Ферлан Менди е новитет во составот на Реал Мадрид за дуелот со Барселона од финалето на Купот, тренираше со полн интензитет и спремен е за настап по 45 дена откако го имаше своето последно појавување во игра.
Менди е бекот за кој Ламин Јамал изјави дека е најтешкиот противник со кој се соочил. Да не беше паузата, Менди сигурно ќе беше стартер и ќе го чуваше Јамал, вака има шанси лев бек од првата минута да биде Фран Гарсија, кој дефанзивно е многу полош од Менди, но покорисен во напад.
Анчелоти има уште една дилема, дали да игра со формација 4-3-3 со Родриго во нападот покрај Винисиус и Мбапе или со 4-4-2, во тој случај стартер би бил Модриќ и средниот ред би бил позгуснат на сметка на нападот.