Голгетерот Виктор Ѓокереш дебитираше во дресот на Арсенал, одигра 13 минути во севернолондонското дерби против Тотенхем играно во Хонг Конг, но фановите на Топчиите беа разочарани по мечот бидејќи нивниот најлут ривал ги победи со 1-0.
Голот за Петлите го постигна Папе Сар во 45-тата минута. Ова на некој начин е историска победа за Тотенхем бидејќи овие два соседа од Лондон првпат играа еден против друг надвор од границите на британскиот остров.
Следната шанса на Ѓокереш за прв гол во дресот на Арсенал ќе ја има на 6 август, на домашен терен на „Емирејтс“ против Виљареал.
За победата на фудбалскиот фестивал во Хонг Конг, екипата на Тотенхем доби и пехар. Тотенхем се подготвува за стартот на новата сезона во Премиер лигата, но за две недели, на 13 август го чека и дуел со Пари Сен Жермен од Суперкупот на УЕФА.