9.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Добра вест за Арсенал е дека е најдобар во моментов, лоша вест е дека уште е ноември

Арсенал никогаш не бил европски првак, Премиер лигата последен пат ја освои пред 20 сезони, и затоа во моментов Топчиите треба да уживаат што се први и на домашна и на европска сцена.

Победата над Баерн го потврди Арсенал како тим број 1 во моментов во Европа, тешко дека тоа може да се оспори, но проблемот за нив е што има уште многу да се игра, крајот на сезоната е многу далеку.

Ако тимот на Микел Артета продолжи вака, може да се надева на голем трофеј, но пролетниот период е тој што одредува дали некој тим ќе освои нешто. Само лоша вечер може да биде кобна и да ви уништи цела сезона во ЛШ. Во Арсенал го знаат тоа, и психички ќе треба да го издржат притисокот и разбивањето на митот дека се „вечно втори“.

- Оглас -

Најнови вести