Добра вест за Ѓоковиќ – Вимблдон конечно, донесе разумна одлука

Откако пред неколку дена „Њу Ингланд“, клубот којшто раководи со Вимблдон, одлучи да им забрани настап на руските и белоруските тенисери, овојпат донесе разумна одлука.

Таа се однесува за тенисерите коишто немаат вакцина против ковид-19, а еден од нив е и Новак Ѓоковиќ. Вимблдон им дозволи на невакцинираните тенисери да настапат на гренслемот, што секако е разумна одлука.

Со тоа Новак ќе има шанса да атакува на нова титула на најпрестижните тениски натпреварувања, а со тоа да се израмни со Надал. Секако, во зависност од тоа што ќе се случи на Ролан Гарос.

- Оглас -

Најнови вести