Добра вест доби Јирген Клоп на десетина дена пред големото дерби против Манчестер јунајтед. За дуелот против првиот конкурент на Црвените во битката за титулата, Германецот на располагање ќе го има стоперот Жоел Матип.
Камерунскиот дефанзивец ги пропушти претходните два натпревари во кои Ливерпул ремизираше, односно загуби против Њукасл и Саутхемптон, поради повреда на препоните.
Матип ќе биде подготвен за најавениот спектакл на „Енфилд“ кој е закажан на 17 јануари, а во централната линија би требало да игра покрај Фабињо, кој веќе се навикна принудно да игра стопер во отсуство на Ван Дајк.
Ливепрул и Манчестер јунајтед ја делат лидерската позиција на табелата со по 33 бода, со тоа што Црвените ѓаволи имаат натпревар помалку.