Репрезентацијата на Велс ќе биде ослабена на натпреварот со Македонија од последното коло во квалификациите за Светско првенство.
Од комбинација за настап отпаднаа тројца фудбалери, меѓу кои и капитенот, Бен Дејвис од Тотенхем. Освен Дејвис, повредени се и Бен Кабанго од Свонси и Кифер Мур од Рексам. На нивно место, селекторот Крег Белами дополнително повика двајца играчи, напаѓачот Ајзак Дејвис, кој игра за Кардиф сити, и Рид Норингтон-Дејвис, кој е член на Шефилд јунајтед, но игра како позајмен за Квинс парк ренџерс.
Инаку Дејвис е капитен во отсуство на Арон Ремзи, но Ремзи е повреден и повеќе од една година не играл за националниот тим.

