Добра вест за македонските фанови кои планираат да ги следат Рисовите во Букурешт

Останува помалку од еден месец до почетокот на Европското првенство во фудбал, кое е од посебен значај за нас со историскиот прв настап на Македонија.

Рисовите се во групата Ц заедно со Австрија и Украина против кои ќе играат во Букурешт, додека со фаворитот Холандија ќе се сретнат во последното коло на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам.

Што се однесува за дуелите кои се предвидени да се играат во романската метропола, навивачите на Македонија кои планираат во живо да ја бодрат репрезентацијата ќе може да стигнат до таму со негативен ПЦР тест кој ќе биде во текот на целиот престој во Букурешт. Исто така се поништува правилото од три дена според кое мораше да се напушти земјата по три дена, што е дополнителен плус за нашите навивачи.

Инаку, купувањето на билетите за трите меча во групната фаза е достапно од денес па сè до 26 мај. Повеќе информации можете да најдете на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести