Добра вест за Рајо и Столе, нема да игра Бејл

Велшкиот интернационалец, Герет Бејл, на шест меча за Реал Мадрид против Рајо Валјекано има постигнато девет гола, и затоа неговото неиграње попладнево е добра вест за гостите од мадридската населба Валјекас.

Бејл доби силен удар во финишот на мечот со ЦСКА, и нема тренирано, па тренерот Солари ќе го чува за Светското клупско првенство.

Рајо е омилена жртва на Бејл, тој против ниту еден друг тим не дал повеќе од осум гола. На последниот меѓусебен дуел помеѓу Реал и Рајо на „Сантијаго Бернабеу“, заврши со триумф на европскиот првак од неверојатни 10:2. Тогаш Бејл даде четири гола, Кристијано Роналдо два, а Данило еден. Ниту еден од нив тројца нема да биде во тимот денеска, па најголема закана за голманот Столе Димитриевски веројатно ќе биде Карим Бензема, кој пред три години даде три гола во она историско голгетерско шоу.

Бензема на осум меча против Рајо, има осум победи и постигнал седум гола. Ова е последен меч за Реал пред настапот на светско клупско, а во претходните три вакви случаи, „кралскиот клуб“ секогаш победуваше и постигнуваше три или повеќе гола.

- Оглас -

Најнови вести