На ден пред големото финале во Лигата на шампионите, Томас Тухел испорача добри вести околу повредените Н’голо Канте и голманот Едуар Менди. Двајцата ќе бидат во конкуренција за настап против Манчестер сити на „Драгао“, откако закрепнаа и доколку до утре навечер не се појават непосакувани компликации, и двајцата веројатно ќе бидат стартери.
„Канте изгледаше добро на последниот тренинг и се надевам дека така ќе остане до утре. Кај Менди пак, се забележа голем напредок околу болките со кои се соочуваше изминативе денови, што е добро за нас, но и за него. Ако е фит, Менди ќе брани од првата минута“, посочи Тухел.
Канте се здоби со повреда на препоните против поранешниот тим Лестер во претпоследното коло од Премиер лигата, додека Менди заработи повреда во ребрата против Астон вила и бранеше само едно полувреме пред да биде заменет.
Со нив двајца, Сините комплетни ќе ја дочекаат битката за титулата во ЛШ против фаворизираните Граѓани од Манчестер кои минатата недела ја кренаа титулата во Премиер лигата и атакуваат на тројна круна, заедно со освоениот Лига Куп претходно сезонава.