Македонската репрезентација води против Романија со 43:35 по првото полувреме од натпреварот од претквалификациите за Евробаскетот 2021. Нашите имаа и плус 10 (40-30), но гостите намалија во последната минута од првото полувреме, пред Војдан Стојановски да погоди тројка.
Романците се покажаа како тим кој е цврст во рекетот, но шутот од далечина им е послаба страна (3/19). Стојановски и Трајковски имаат 13 односно 12 поени, а кај гостите најдобар е Каце со 10 поени и три блокади.
Атмосферата во салата „Борис Трајковски“ е прилично мирна, околу 800 гледачи се на трибините и повремено аплаудираат на добрите потези на нашите репрезентативци.
Новиот голем семафор во салата, својата промоција ќе ја има на некој нареден настан.