Добредојде назад и за австриската Бундеслига

Австрија Виена – Адмира (20:30ч)

Типико Бундеслигата продолжува со натпреварите од плејаут фазата и за денеска на програмата се предвидени три меча. Австрија Виена тргнува од највисоката позиција на табелата со 12 бода, исто колку што има и Алтах. Фаворитската улога на домаќините не е од голема важност ако се знае дека ќе се игра без публика, но тимот на Австрија посакува триумф со цел да се стави крај на низата ремија која се протега на шест дуели.

Во последните пет меѓусебни средби, Адмира нема остварено позитивен резултат со екипата од Виена, меѓутоа двете последни ремија им даваат надеж дека вечерва можеби ќе останат непоразени.

Предлог тип:  1X & 2-3 (2.55)

 

Матерсбург – Алтах (18:30ч)

Со оглед на тоа дека во плејаут-табелата од првото до петтото место разликата е три бода, Матерсбург има право да се надева дека со триумф ќе се вклучи во трката за врвот. Алтах ќе се обиде да го одржи чекорот со Австрија Виена, меѓутоа на стадионот „Папел“ последен пат се радуваше во мај 2018 година.

Фаворит во овој дуел нема, иако според квоти, Алтах има малку поголеми шанси за победа. Фактот што повеќе од два месеци не играа фудбал, може да ги натера екипите да се фокусираат на офанзивата и да се истурат од голови.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.75)

 

Млада Болеслав – Злин (18ч)

На четири кола до крајот на регуларниот дел на чешкото првенство, Млада Болеслав се надева дека ќе стигне до шестото место на табелата, кое води во разигрувањата за титулата, односно пласман во европските квалификации. Чесите почнаа пред една недела, а по две кола Млада Болеслав уште го чека првиот триумф.

Против Злин е добра прилика за сефте победа, голем плус е што ќе има ограничен број на навивачи на трибините, па барем на „Локотранс арената“ нема да биде штама. Голема е веројатноста дека Млада ќе го одбрани домашниот терен со оглед на тоа дека доби четири од претходните пет меѓусебни дуели против Злин.

Предлог тип: 1 (2.0)

 

Брондби – Сондерјиске (19ч)

Од изминатиов викенд и данскиот шампионат се врати на програмата, останаа Брондби и Сондерјиске да го комплетираат 25-тото коло. Брондби е во мисија да го завери местото во плејоф-фазата, меѓутоа за осигурување на местото ќе почекаат дури во последното коло, наредниот викенд.

Сондерјиске иако е екипа која ќе игра во плејаут-фазата, добро се покажа во последните неколку меѓусебни дуели против Брондби. Двапати ги добија минатата година, а и во февруарската пријателска средба славеа со 3-1. Тоа значи дека Брондби ќе цели на реванширање.

Предлог тип: 1 & T12+ (2.12)

 

Унтерхахинг – Инглоштад (20:30ч)

Унтерхахинг на 10 кола до крајот води тесна битка со Дуисбург за првото место на табелата во третата германска лига, иако и од оваа позиција има добри шанси за директен пласман во Цвајта. Со триумф тргнаа по рестартирањето на сезоната, а нов веќе им се предвидува бидејќи вечерва им гостува тимот на Инглоштад, кој трпеше криза и пред прекинот.

Поминаа пет години откако Унтерхахинг последен пат триумфираше против Инглоштад, тоа е така бидејќи не се среќаваа во иста лига. Првиот овосезонски дуел заврши со реми без голови, се надеваме тоа нема да биде случајот вечерва.

Предлог тип: 3+ (1.82)

- Оглас -

Најнови вести