Фудбалската репрезентација на Украина за дуелот против Македонија на 14 октомври во Прага ќе ги нема на располагање Андриј Јармоленко и Виктор Циганков.
Ова е олеснување за тимот на македонскиот селектор Благоја Милевски бидејќи искусниот Јармоленко е екстра играч кој ни даде гол на Европското првенство 2021 година, а Циганков имаше гол и асистенција во пресвртот од 3-2 на последниот меѓусебен дуел игран во јуни во Скопје.
На местата на Циганков и Јармоленко, селекторот Серхиј Ребров дополнително ги повика Олександр Пихаљонок од Днипро и Назариј Русин од Сандерленд.
Инаку, од Фудбалската федерација на Македонија објавија дека се продадени сите билети кои беа во продажба за секторот предвиден за гостински навивачи, што значи дека нашите фдбалери ќе имаат голема поддршка од трибините на стадионот во Прага.