Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, доби одлични вести пред реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Аталанта. Голманот Јонас Урбих во понеделникот одржа целосен тренинг и се чини дека ќе биде во можност да игра во среда против италијанскиот тим.
Баварците доживеаја сериозна криза со голманите откако Мануел Нојер е повреден, а Урбих доби потрес на мозокот на првиот натпревар во Бергамо минатата недела. Преку викендот, третата опција, Свeн Улрајх, исто така се повреди при ремито (1-1) против Баер Леверкузен. Дополнително, голманот на вториот тим, Леон Кланац, веќе подолго време закрепнува од повреда. Така, на располагање останаа само 16-годишниот Леонард Прескот и 19-годишниот Јанис Бертл.
Jonas Urbig back in full training today after recovering from a concussion
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 16, 2026
pic.twitter.com/yOcAFs6zsA
Сепак, Урбих вчера тренираше нормално, што практично значи дека ќе може да игра во среда. Стручниот штаб на Баерн, сепак, не сака да ризикува, па ако тој не биде целосно подготвен за натпреварот, најверојатно како стартер ќе започне Прескот. За него, со оглед дека е малолетен, Баерн Минхен мораше да побара судска дозвола за да може да „работи“ по 20 часот, поради строгите германски прописи.

