Добри вести за Барселона: Рафиња и Јамал се враќаат за Супер купот на Шпанија

Барселона со победа ја отвори 2025 година, откако на гости го победи четвртоглигашот Барбастро со 0-4 во Купот на Шпанија. Сега „каталонците“ се подготвуваат за настапот во шпанскиот Супер куп, кој ќе се одржува во Џеда, Саудиска Арабија.

На гостувањето во шпанскиот Куп, Ханси Флик не можеше да смета на Рафиња и Ламине Јамал, кои се жалат на повреди, но двајцата ќе бидат подготвени за мечот против Атлетик Билбао во полуфиналето од Супер купот на Шпанија.

„Рафиња имаше некои проблеми. Добро тренираше, но одлучивме дека е попаметно да го поштедиме од ова патување. Во понеделник имаме тренинг, а во вторник летаме за Саудиска Арабија. Таков е планот пред мечот од Супер купот против Атлетик Билбао. Верувам дека Рафиња и Ламине ќе бидат на располагање за овој натпревар.“ – вели Ханси Флик на големо задоволство на навивачите на „каталонците“.

Во Барса одлучија во Саудиска Арабија да патуваат и Дани Олмо и Пау Виктор иако во моментов немаат право на настап поради проблемот со регистрацијата.

- Оглас -

Најнови вести