Добри вести за Интер Мајами: Меси ќе се врати на теренот кога ќе биде најпотребно

Интер Мајами и без Лионел Меси покажува дека може да победува и да го држи првото место во Источната конференција во МЛС шампионатот. Најатрактивната екипа во првенството во која освен Меси има уште неколку некогашни големи ѕвезди, уште овој викенд може да го осигура местото во плејофот кој започнува во средината на октомври.

Тренерот на Интер Мајами Герардо Тата Мартино е оптимист дека Меси ќе се врати на теренот пред почетокот на плејоф дуелите.

„Медицинскиот тим ги прави плановите и тренинзите. Планот е Меси да се врати на теренот пред крајот на регуларниот дел од сезоната“, вели Мартино.

Меси последен пат играше на 14 јули и тоа во дресот на аргентинската репрезентација кога заработи повреда на лигаментот на зглобот.

 

- Оглас -

Најнови вести