Добри вести за Јуве, капитенот се врати на тренинг

Џорџо Кјелини денес го одработи тренингот на Јувентус без проблеми, што е потврда дека капитенот на Старата дама целосно ја надмина тешката повреда на вкрстените лигаменти на коленото. Кјелини беше во аут цели шест месеци, а откако се врати во погон, клубот веднаш го регистрира за нокаут-фазата во Лигата на шампионите, а место му отстапи младиот дефанзивец Мерих Демирал.

Искусниот стопер се повреди уште по првото коло, во кое Јувентус славеше против Парма, и ја пропушти половина од сезоната, но сега е јасно дека е подготвен да се врати во составот и да ѝ помогне на екипата да ги оствари целите. Кјелини можеби ќе биде во комбинација за настап претстојниот викенд во дуелот против Верона.

- Оглас -

Најнови вести