Добри вести за ПСЖ пред мечот со Сити

Пари Сен Жермен минатата година загуби во финалето од Лигата на шампиони, а сезонава францускиот првак е решен да го направи и последниот чекор за да стигне до историската прва титула во елитното натпреварување на УЕФА. На спротивната страна, Манчестер сити е со исти амбиции и Граѓаните досега никогаш не биле на тронот на Европа.

Пред утрешниот меч во Париз, добри вести за Светците е одлуката на Нејмар да остане во ПСЖ уште долг период, иако често се споменуваат шпекулации дека Бразилецот може да си замине, а како една од опциите е токму Манчестер сити.

„Подготвен сум јавно да кажам дека сум среќен во ПСЖ. Се чувствувам многу подобро. Мислам дека дојде време да им покажеме на сите дека ние сме најдобри“, рече Нејмар, кој неодамна за официјалниот сајт на ПСЖ изјави дека сега е фокусиран само на мечевите кои следат, а потоа ќе размислува за иднината во клубот.

Покрај трката за титулата во ЛШ, ПСЖ е во борба за трофејот и во француското првенство, каде што има 72 бода, еден помалку од лидерот Лил. Во трка за титулата во Франција уште се и Монако со 71 бод, додека Лион е четврти со 67 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести