Тренерот на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, Пабло Ласо, закрепнува по претрпениот срцев удар по што вчера наутро беше пренесен во болница.
Клубот преку официјално соопштение ја обелодени ситуацијата со својот тренер.
„Состојбата на Пабло Ласо се поправа и моментално е преместен од интензивна нега на одделението за кардиологија, каде што лекарите ќе го следат закрепнувањето во следниот период“, пишува во соопштението.
За утрешниот дуел против Басконија во полуфиналето од шпанскиот шампионат, екипата ќе ја води Чус Матео. Реал води со 2-0 и со уште една победа ќе влезе во битка за титулата на Шпанија.