Добри вести за Солскјер пред мечот со Лестер

Пол Погба и Антони Марсијал сигурно ќе му бидат на располагање на тренерот Оле Гунар Солскјер за дуелот на Манчестер јунајтед против Лестер. Марсијал го пропушти претходниот меч против Барнли, додека Погба по завршување на средбата поткривнуваше на едната нога.

По направените лекарски прегледи, двете ѕвезди на „црвените ѓаволи“ добија дозвола да играат, што е одлична вест за тренерот Солскјер.

„Ситуацијата со Погба не е сериозна, а Марсијал одлично го помина последниот тренинг“, беше рапортот на Солскјер.

Манчестер јунајтед е во трка за една од првите четири позиции во Премиер лигата. Во последното коло против Барнли, фаворитот киксираше на свој терен и одигра 2-2.

 

- Оглас -

Најнови вести