Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, изјави дека сите фудбалери кои беа заразени со коронавирус, веќе се здрави и подготвени за тренинзи. Се очекува утре Конте да го има целиот состав на располагање, и тоа се одлични вести за нив.
В недела Тотенхем го пречекува Ливерпул, а кај Црвените има тројца позитивни на Ковид-19. Мечот најверојатно нема да биде одложен.