Добри вести за Велс: Бејл повторно е вљубен во фудбалот

Репрезентацијата на Велс е во пол позиција на трката за пласман во А сегментот во Лигата на нации. Како првопласирана во својата група, селекцијата на Велс вечерва на домашен терен игра против Република Ирска. По четири одиграни меча во групата, Велс е со три победи и реми и уште нема прмено ниту еден гол. Ирците уште немаат победа.

Како еден од главните фактори за добрата игра на Велс е Герет Бејл. На клупата на Велс ќе го нема селекторот Рајан Гигс кој е суспендиран поради приватните проблеми што ги имаше со полицијата, па тренерот Роберт Пејџ треба да биде предводник од клупата. Според Пејџ, токму Бејл е главниот нивни адут.

„Герет сега е сосема друга личност. Изгледа дека Бејл повторно се вљуби во фудбалот. Игра за тим во кој тренерот сака да го види на теренот и ужива во времето поминато на тренинзите. Очигледно дека во Тотенхем го подготвуваа Бејл да игра со полн интензитет во текот на сите 90 минути. Го гледам на тренинзите како ужива и тоа е многу добро. Се надевам дека истото уживање ќе го префрли и на теренот“, рече тренерот Пејџ.

 

- Оглас -

Најнови вести