Добриот див Бобан: Марјановиќ доби овации од цела сала иако не одигра ниту една минута (Видео)

Бобан Марјановиќ, кој заедно со Виктор Вембањама се највисоките играчи во НБА-лигата, уште еднаш покажа дека е миленик на навивачите во сите арени во САД и Канада, иако најчесто седи на клупата за резервни играчи.

Марјановиќ на дуелот меѓу Хјустон рокитс и Атланта хоукс не одигра ниту една минута, но доби овации од цела арена. Имено, во финишот од мечот, по еден шут на играч на Атланта, топката „се заглави“ помеѓу таблата и часовникот за мерење на времето, поради што мораше да интервенира Марјановиќ.

Тој од момче задолжено за чистење на паркетот го позајми бришачот и со два потега дојде до топката и заслужено си доби овации од навивачите.

https://twitter.com/i/status/1737674150670479362

https://twitter.com/i/status/1737674204697313509

 

- Оглас -

Најнови вести