Добро би било да победи Ривер, ќе има Суперкласико во полуфиналето

Ривер плејт – Серо Портењо (Фудбал, Копа Либертадорес, 00.15 часот)

Актуелниот освојувач на Копа Либертадорес, аргентински Ривер, засега својата континентална титула успешно ја брани, а би требало да го елиминира и парагвајскиот Серо Портењо, со кого никогаш нема играно. Тоа е нешто што целиот фудбалски свет го чека и посакува бидејќи во полуфиналето, Ривер ќе игра со вечниот ривал Бока јуниорс и тоа ќе бидат две „фешти“. Ривер дома нема пораз од април и веруваме дека ќе продолжи позитивната низа.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.22)

 

Коринтијанс – Флуминенсе (Фудбал, Копа Судамерикана, 02.30 часот)

Ждрепката сакаше откако ќе победат уругвајски тимови, двете бразилски екипи да играат меѓу себе во четврт-финалето на Копа Судамерикана. Тимовите добро се познаваат. Коринтијанс е во подобра форма, а и традицијата ги фаворизира домашните од Сао Пауло. Флуминенсе има победувано на гости кај Коринтијанс, и тоа најчесто го правел со 1-0, но овојпат типуваме дека Коринтијанс на „Маракана“ ќе оди со предност.

Предлог тип: 1 (1.68)

 

Минесота линкс – Далас вингс (Кошарка, ВНБА-лига, 02.00 часот)

Ова се најслабите две екипи во Западната конференција. Минесота засега има место кое води во плејофот, но Крилјата добија три од последните пет меча и се во подобра форма. Сепак, ако сака да се задржи на позиција која води во разигрувањето, Минесота мора да триумфира. Линкс и Вингс два пати играа меѓу себе во јуни, двата тима победија по еднаш со по три поени разлика, сега веруваме во малку поубедлива победа на домашните.

Предлог тип: Х 1 -5.50 (1.92)

 

Њујорк метс – Кливленд индијанс (Бејзбол, МЛБ-лига, 01.10 часот)

Тежок меч за прогнозирање бидејќи Индијанците имаат многу подобар вкупен скор од Метс, но њујоршкиот тим е во подобра форма во моментов. Метс има четири победи по ред, оди на петта, додека Кливленд доби само еден од последните пет меча. Вчера и завчера Њујорк го победуваше Кливленд со 9-2 и 4-3, можеби дојде ред да се радуваат Индијанс.

Предлог тип: 2 (2.10)

 

Чикаго вајт сокс – Тексас ренџерс (Бејзбол, МЛБ-лига, 02.10 часот)

Според местата на табелата, двата тима се во средината и важат за чист просек во МЛБ-лигата, без некои посериозни амбиции. Ренџерс на последното гостување во Чикаго кај Белите чорапи во март беа разбиени со 12-2. Кај овој пар ви препорачуваме да играте на плус поени, иако единицата и двојката се прилично изедначени и квотите се примамливи.

Предлог тип: >10.5 (1.80)

- Оглас -

Најнови вести