Добро е да се води 1-0 во нокаут-меч, но не и во дуелите на Сити и Реал

Историјатот на натпреварите од нокаут-фазите во Лигата на шампионите покажува дека најголем дел од тимовите кои поведувале со 1-0 оделе понатаму, но не и на дуелите на Манчестер сити и Реал Мадрид.

Досега се играле 341 елиминациски мечеви на коишто имало гол, а во 232 случаи (68 отсто) понатаму одел тимот кој прв дал гол.

Но, во последните четири пресметки на Граѓаните и Кралскиот клуб, во 2020, 2022, 2023 и лани, на крајот испаѓаше тимот кој поведуваше со 1-0.

- Оглас -

Најнови вести