Рафиња имаше многу среќа и успеа за миг да се повлече пред бруталниот мајагери старт на Лоа Ландре, кој за голема среќа не заврши во неговата глава.
Играчот на Ним брутално стартуваше со скок и со отворен ѓон на Рафиња и го погоди со нога во пределот на слабините.
Веднаш и без размислување судијата Турпан го исклучи Ландре во 12. минута и Пари Сен Жермен има играч повеќе на теренот во мечот од седмото коло во Лига 1.