Капитенот на Дерби каунти, Ричард Кех може да биде среќен што не загина во сообраќајната несреќа која на направи неговиот соиграч Томи Лоренс, а во автомобилот Ренџ Ровер бил и фудбалерот Мејсон Бенет. Тројцата играчи ја прекршиле клупската наредба да бидат дома во вечерните часови, па заминале на забава.
По завршување на забавата, тројцата во алкохолизирана состојба влегле во автомобилот, а Лоренс бил возачот. При голема брзина, Лоренс ја изгубил контролата над автомобилот и тој завршил во столб. Од ударот, најтешко настрадал капитенот Ричард кој се онесвестил.
За среќа, по брза интервенција на лекарите, фудбалерот бил пренесен во болница, каде повредите му биле санирани, но било констатирано дека има тешка повреда на коленото и за него, сезоната е завршена.