Добро е што почнаа на време – Тениски спектакл од над 3 часа во Хихон со вкупно 14 спасени меч топки (Видео)

Неочекувано во вистински спектакл се претвори мечот меѓу Артур Риндеркнех и Пабло Карењо-Буста во битката за полуфинале на АТП турнирот во Хихон, Шпанија, а се играше дури 3 часа и 7 минути, а по вкупно 14 спасени меч топки на двете страни славеше францускито тенисер.

Риндеркнех направи голем подвиг со дури 9 спасени меч топки и победи со 2:1 во сетови, а последниот и решавачки сет го доби со 18:16 во тај-брејк.

Французинот кој е 56-ти тенисер на светот спаси две меч топки при негатива од 4:5 во третиот сет, а потоа уште 7 во тај-брејкот.

За да биде уште поспектакуларно и Шпанецот Карењо-Буста спаси пет меч топки, но не успеа и шетстата, па Риндеркнех ќе игра во полуфиналето по победата од 4:6, 6:3, 7:6 (18:16).

https://twitter.com/GijonOpen/status/1580978932245221378?s=20&t=7TfqLHnJpuAA7wsxtJ1aLQ

Противник за финале ќе му биде подобриот од последното четвртфинале во Хихон меѓу Енди Мареј и Себастијан Корда кој е во тек, а моментно е 1:1 во сетови.

Во првото полуфинале ќе играат Анцдреј Рубљов и Доминик Тим.

 

- Оглас -

Најнови вести