Добро што не се повреди: Маријано ја утна цела топка (видео)

Маријано Дијаз вчера конечно го постигна првенецот за Реал Мадрид во шпанското првенство. Откако долго време отсуствуваше од терените поради повреда, во победата над Алавес (3-0) се запиша во листата на стрелците, што воедно за него беше и прв гол во 2019 година.

Дека има огромна разлика меѓу сегашната „7-ца“ на Реал и ѕвездата која долго време го носеше култниот број, Кристијано Роналдо, е и повеќе од јасно, а еден кикс на Домениканецот од вчерашниот дуел ќе се памети повеќе од неговиот дебитантски погодок.

Иако навидум изгледа едноставно да се додаде во противничкиот шестнаесетник, Маријано си ја искомплицира работата и добро што не се повреди, бидејќи со вакво промашување на топката може лесно да се истегне мускул.

- Оглас -

Најнови вести